На неодамна одржаниот саем за автомобили во Франкфурт, Nissan ја имаше премиера на втората генерација од моделот Juke. Сега, по само еден месец и официјално започна производството на овој SUV во фабриката во близина на англискиот град Сандерленд.
За таа цел, претходно, јапонскиот производител инвестираше 122 милиони американски долари во модернизација и подготовка на фабриката и тоа во време најголем дел од производителите во оваа земја ги редуцираа своите бизнис активности поради Брегзит.
Во европската понуда на Nissan овој модел доаѓа на почетокот на следниот месец кога ќе бидат познати и цените.
Повеќе за овој модел можете да прочитате ТУКА.