По бројната предигра составена од шпекулации, најави, тизер фотографии и видеа, германскиот производител Volkswagen конечно го претстави новиот модел T-Cross.
Екстериерниот дизајн на овој модел е инспириран од моделот T-Roc како и концептот T-Cross Breeze претставен во 2016 година. T-Cross кој во понудата на VW ќе ја има истата улога како Arona и Karoq кај Seat и Skoda, и е најмалиот SUV кај германскиот производител со должина од 4.107 мм, висина 1.558 мм со што е за малку поголем во поглед на VW Polo.
Иако навидум мал, германските инжинери значително работеле и на пространоста. Така воопшто недостасува комфорот на задната клупа, а багажниот простор со спуштени задни клупи достигнува и до 1.281 литар. Димензионално и просторно овој модел во целост соодвејствува со T-Roc кој веќе од 2017 година е достапен на потрошувачите.
T-Cross кој се темели на MQB платформата исто како и T-Roc, во понудата ќе биде достапен со 1.0 литарски TSI модел кој ќе биде понуден со 115КС, како и помоќна верзија со 1.5 литарски мотор и 150КС. Во понудата ќе има и дизелски мотор кој ќе располага со 95КС. Сите овие изведби ќе бидат достапни само со погон на предните тркала.
Со овој нов модел доаѓаат и бројни системи за конекција и помош на возачот. Така во T-Cross е вграден систем за одржување на автомобилот во коловозната лента, систем за предупредување на мртов агол, систем за предупредување од можност на фронтален судар и многу друго.
Внатрешноста е инспирирана од останатите мали градски SUV возила од Volkswagen Групацијата. Централното место го зазема 8.0 инчниот екран кој е централно поставен, а кој овозможува бројни можности со интеграција на смарт уредите. Тука е и можноста за бежично полнење на смартфоните, четирите USB приклучоците, еден AUX приклучок и многу друго.
Саемската премиера овој модел ќе ја има на саемот во Сао Паоло (Бразил) на почетокот на ноември. Причината зошто е избран овој саем е тоа што со овој модел германскиот производител цели кон јужноамериканскиот пазар, но тоа не значи дека нема да се најде на продажба во земјите од ЕМЕА регионот. Токму и во Европа најпрво ќе започне продажбата на почетокот на следната година, а според пишувањата почетната цена на овој модел ќе изнесува 18 илјади евра.