И официјално претставен новиот Taycan (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

По долги најави, а во пресрет на саемот за автомобили во Франкфурт каде ќе ја има саемската премиера, Porsche конечно го претстави новиот модел Taycan.

Како прв целосно електричен автомобил, Taycan долго време се најавуваше како централен модел во електричната понуда на германскиот производител која во наредните неколку години значително ќе се прошири.

Taycan, чиј назив доаѓа од турскиот јазик и преведен значи “Жив млад коњ” е со должина од 496 цм, широчина од 197 цм и висина од 138 цм. При тоа меѓуоскиното растојание изнесува 290 цм додека багажниот простор 366 литри. Вкупната тежина изнесува 2.295 кг.

Porsche Taycan

За почеток во понудата доаѓа со две верзии: Turbo и Turbo S.

Официјалните податоци покажуваа дека до 100 км/ч. забрзува за помалку од 3,2 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење може да помине речиси 500 км.

Помоќната Turbo S верзија забрзува за само 2,8 секунди, а максималната брзинаа изнесува 260 км/ч.

Porsche Taycan

Овие перформанси произлегуваат благодарение од 680-те КС кај Turbo верзијата при 850 Nm обртни моменти и 761 КС кај Turbo S верзијата при 1.050 Nm обртни моменти.

Благодарение на литиумско-јонската батерија од 93.4 kWh овој автомобил може, со едно полнење да помине околу 450 км што е одличен домет.

Porsche Taycan

Во внатрешноста доминира луксузот и напредната технологија проследена со квалитетни завршни изработки. Доаѓа со неколку екрани осетливи на допир и тоа: 16.8 инчна инструментална табла, 10.9 инчен екран осетлив на допир и помал, 8.4 инчен панел сместен на централната конзола.

Porsche Taycan

Нарачките за овој модел се веќе отворени. Досега има над 40 илјади, а цените на Turbo верзијата почнуваат од 152.136 евра додека на Turbo S од 185.456 евра.

Годишното производство се очекува да изнесува 40 илјади примероци, а ќе се произведува во Цуфенхаузен, Германија.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK