Формула 1 ќе има нов претседател – официјално е потврдено доаѓњето на Стефано Доменикали на оваа позиција.
65 годишниот италијанец на оваа позиција ќе дојде на 1 јануари 2021 година на местото Чејс Кери кој во моментов ја извршува таа функција.
Доменикаи е роден во Имола, Италија, а живее во Монца. Во моментов тој ја извршува позицијата генерален директор на Lamborghini, а во периодот од 2008 до 2014 работеше за Ferrari.
Во 90-те години има веќе работено во Формула 1, најпрво како дел од тимот на Ferrari, а потоа и во организацијата на најпопуларниот авто-мото шампионат.