И Nissan става крај на продажбата на дизели

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan е последниот во низата авто производители кои во целост или делумно ги повлекуваат дизелот изведбите од пазарот во Европа. Според последната информација која ја потврдија од страна на јапонскиот производител, Nissan во блиска иднина во целост ќе ги повлече дизелските изведби од понудата во Европа и останатите региони.

Nissan во моментов ги користи дизелските мотори на Renault, мотори кои важат за најекономични кога е во прашање потрошувачката. Сепак и покрај тоа јапонскиот производител објави дека ќе прекине со производството на дизел автомобили, но тоа нема да го направи веднаш туку постепено.

“Како и останатите произведувачи и ние утврдивме прогресивен пад на дизелот, но не го очекуваме неговиот крај за краток период. Модерните дизелски мотори ќе бидат барани уште некое време па ќе останат во нашата понуда” изјави претставникот на Nissan за Ројтерс.

Освен Nissan, претходно крај за дизел понудата објави и Toyota од каде потврдија дека ќе прекине со испораката на автомобили со дизелски мотори во Европа, FCA групацијата пак објави дека до 2022 година ќе се откажат од производството на автомобили со дизел мотори додека Porsche објави дека ќе ја редуцира понудата на дизел возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK