И Nissan NP300 стана папамобил

ОБЈАВЕНО НА:

Секогаш и секаде, каде и кога да оди Папата целото внимание е насочено кон него. Сите детали привлекуваат големо внимание, а несомнено љубопитност предизвикува и тоа со каков автомобил ќе се вози низ местата кои ги посетува.

Последната посета која папата Фрањо ја направи е во Маурициус, остров во индискиот океан, а она што привлече внимание е папамобилот.

Тој низ улиците на Порт Луис, главниот град на Маурициус се возеше со модификувана изведба на Nissan NP300 кој специјално беше направен за папата Франциско. За оваа модификација задолжена беше компанијата ABC Coachworks која го модификуваше возилото, а која пак е позната по тоа што преработува и приспособува возила за полицијата, брзата помош и пожарникарите.

Претходно Папата при посетите на другите земји често се појавуваше со евтини автомобили со што ја покажа својата скромност на дело. За потсетување тој се има возено во Fiat 500L, Kia SOul, Dacia, Skoda Octavia…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK