Државниот Завод за статистика ги објави податоците за староста на регистрираните возила заклучно со 31 декември 2018 година. Податоците се и повеќе од загрижувачки бидејќи покажуваат дека вкупно 297.470 возила се постари од 2004 година, односно со старост од 14 години.
Од нив, 270.075 патнички возила се постари од 2004 година односно се со старост поголема од 14 години. Ова е огромна бројка ако се знае дека вкупно, до дадениот датум се регистрирани нешто над 415.000 патнички возила.
Само 4.396 возила кои се регистрирале во текот на минатата година биле произведени во 2017 година, а 4.138 биле произведени во тековната, 2018 година.
Доколку не се земат во предвид возилата пред 2004 година, тогаш најголем дел од регистрираните патнички возила се произведени во 2006 годината и тоа 24.062 патнички возила.
Ова е показател кои не оди во прилог кон намалувањето на загадувањето, а очигледно дека и покрај зголемениот увоз на половни автомобили изминатите неколку години, староста на возниот парк во Македонија не бележи некое зголемено помладување.