И MV Agusta со свој часовник

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај Peugeot и Porsche, и произвдоителот на мотоцикли MV Agusta презентираше часовник под истоимениот бренд.

Станува збор за специјално изработен часовник по повод 75-иот роденден на италијанскиот производител. Истиот се продава како модел RO-NI RMV.

Изработен е од титаниум, јаглеродни влакна, легура на алуминиум, кожа и алкантара. Куќиштето е со димензија од 44,5 x 44,0 mm и во него има 144 компоненти. Доаѓа со син ремен, а изработката е целосно рачна.

Во продажба се само 75 примероци, а цената на секој од нив изнесува неверојатни 56.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK