И Michelin отпушта – 2.300 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНО НА:

Многу производители во автомобилската индустрија отпуштија дел од своите работници – причината за тоа се намалените приходи. Вистинска причина или едноставно можност да се искористи кризата за намалување на трошоците и зголемување на профитот.

Последен во низата произвoдители од автомобилската индустрија кој се одлучи на радикален чекор за отпуштање на работници е француски Michelin.

Овој производител на пневматици соопшти дека ќе отпушти 2.300 работници во наредните три години и тоа од фабриките ширум светот, но при тоа потврди и дека нема да се затвораат фабрики.

По објавувањето на оваа информација, вредноста на акциите на Michelin на берзата во Париз се намали за 0,7%, а предизвика и незадоволство кај синдикалните здруженија на работниците на Michelin ширум светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK