Моделот eCitaro е еколошки чистиот модел меѓу автобусите на Mercedes-Benz. Транспортната компанија SWEG сака да го изведе на вистинскиот пат првиот eCitaro REX со горивни ќелии, а за таа цел SWEG и Daimler Busses веќе потпишаа соодветна писмо за намери. Испораките на новото комбе се планирани за 2022 година.
Според ова натамошниот развој на целосно електричниот и без емисии на штетни гасови автобус eCitaro, кој беше почнат во 2018 година, напредува брзо. Годинва неговиот дострел ќе биде значително зголемен со новите генерации на батерии. Тука се вклучени и тврдите батерии – кои се пионерско достигнување во автомобилското инженерско.
Со писмото за намера SWEG и Mercedes-Benz веќе го подготвуваат следното ниво, eCitaro со горивни ќелии како продолжение на опсегот(range extender). Ќелиите генерираат електрична енергија за време на возењето што дозволува зголемување на опсегот и eCitaro може мирно да ги замени конценционалните градски автобусуи, дури и да има многу повисоки барања во однос на километражата.
SWEG планира да почне да користи таков соло автобус од 2022 година, во прво врме во централата на компанијата во Лар. Во моментов компаниајта развива концепт за снабдување на градскиот автобус со водород. SWEG и Daimler работат во тесна соработка веќе многу години. Солидарноста веќе се слави со минатата прва голема годишница на Mercedes-Benz Citaro. Пред точно 20 години Mercedes-Benz го достави 1000-то Citaro на SWEG.