Кој кажа дека производителите на камиони и товарни возила не се во проблеми? Иако камионскиот транспорт беше единствен активен за време на карантинските периоди во Европа, сепак и тие се во проблеми.
Поради намалениот обем со работа што предизвика и значително намалување на приходите, германскиот производител на камиони и автобуси објави дека ќе скрати 9.500 работни места во Германија и Австрија.
Отказите ќе треба да ги намалат трошоците, а со тоа и зголемат приходите за 1,8 милијарди евра до 2023 година, стои во соопштението на MAN.
Во соопштението на производителот се најавува и за можно целосно затворање на фабриките во Штејр (Австрија) и Витлих (Германија).