сабота, 25 ноември, 2025 година

И Lexus воведува камери наместо класични ретровизори

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако Audi ги воведе за прв пат кај e-tron, а ги најавија и многу други производители, Lexus е последниот во низа производители кои ги заменуваат класичните ретровизори со камери.

Овој систем функционира на тој начин што наместо ретровизори, на страничните места на надворешниот дел од вратите се наоѓаат испакнати камери кои продуцираат слика на два екрани, поставени во внатрешниот дел од вратите. На овие екрани кои се со солидна големина се емитира сликата од камерите, а исто така има и детектор на мртов агол.

- Advertisement -

Подобрата прилагодливост во однос на традиционалните поставки на класичните ретровизори, детекторот за мртов агол, подобрата слика во ноќни услови како и можноста за зумирање се најголемите предности на овој вид на ретровизори.

Оваа технологија дебитира кај моделот ЕS седан, но поради националните регулативи во многу земји кои не го прифаќаат ова решение како алтернатива на класичните ретровизори, овој модел со ваков тип на ретровизори е достапен само во Јапонија.

Инаку Lexus e третиот во низа производител кој воведува ваков вид на ретровизори по Audi и Mercedes, а прашање на време е кога и останатите авто производители ќе се одлучат за овој потег.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја