Нестрпливоста е лоша карактеристика кај возачите и многу честа причина за сообраќајни незгоди. Едно видео од САД ја прикажува токму нестрпливоста на еден возач на Toyota Tacoma.
За време на извршувањето на градежните активности во Кенебанк, Мејн (САД), 40 годишниот Шенон Кери беше спречен од градежен работник кој го регулирал сообраќајот на градежаната зона.
На Шенон му било кажано дека мора да почека, меѓутоа тој не го послуша работникот по што го стартуваше возилото. По неколку метри возење на хауба, градежниот работник успеа да се оттргне од автомобилот.
Против возачот е покренато обвинение, а нему му се заканува до пет години казна затвор и 5 илјади долари парична казна.