Кавадарци се приклучи на градовите рекордери според бројот на санкционирани прекршоци во сообраќајот за 1 час контрола. Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кавадарци, каде биле казнети 80 лица. Вркупната бројка од контролата ќе биде позната утре.
Сепак рекордер е Битола каде пред извесно време полицијата казни 90 лица за 1 час. Но, само неколку градови (без Скопје) се на врвот со над 70 казни за еден час.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции“, изјави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.
Само за еден час во денешната акциска контрола во Кавадарци се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кавадарци ќе бидат презентирани утре.
Сарај повторно контролиран – полицијата напиша 211 казни од вкупно 528 во цело Скопје