И Карлос Гон избега од правдата – пребегна во Либан

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот прв човек на Nissan и Renault Групацијата, Карлос Гон, успеа да избега од Јапонија пребегнувајќи во Либан.

Гон, кој беше осомничен за бројни малверзации како прв човек на јапонскиот производител и Renault-Nissan Алијансата, уште во 2018 година беше осомничен за во текот на минатата година и осуден по неколку точки од првичниот обвинение.

Сега, додека го чекаше решениет за издржување на затворската казна, под неразјаснати околности успеа да ја напушти Јапонија и отиде во Либан чиј државјанин е и самиот Гон.

“Сега сум во Либан и веќе нема да ме држат како заложник на ригидниот јапонски правосуден систем каде дискриминацијата е распространета, а основните човекови прави се негираат” изјави Гон кој додаде дека самиот тој не избегал од правдата туку од неправдата и политичкиот прогон.

До првосилноста на пресудата, на Гон му беше забрането патување во странство, користење на интернет, e-mail и други медиуми, а забрането му беше и напуштање на Токио. При тоа правосудните служби во неговата резиденција во Токио инсталираа и камери. Сепак ништо од ова не помогна во задржувањето на Гон во Јапонија и исполнување на правдата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK