По Apple и кинески Huawei влегува во автомобилската индустрија. Вестите од Кина кажуваат дека овој производител познат по производството на паметни телефони е во напредни преговори со неколку кинески производители на автомобили за заедничко вложување во производството на автомобили.
Се шпекулира дека претставници на компанијата веќе оствариле средби со неколку кинески производители, а најголем фаворит е Changan Automotive, компанија која е во државна сопственост и која пред некое време потпиша договор со Ford за производство на електричниот Mustang Mach-E.
Во потенцијалното производство на автомобили, Huawei ќе работи на развој и производство на најразлични компоненти, а главниот збор ќе го има и во однос на технологијата.
На почетокот на минатата година Sony го претстави концептот на својот прв електричен автомобил именуван како Vision-S, но набрзо јапонскиот производител објави дека не планира сериско производство на овој модел.