И годинава ќе паѓа продажбата на возила во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските производители во Кина ќе треба да се навикнат на новите услови на најголемиот автомобилски пазар во светот. Тоа беше најавено од страна на Кинеската асоцијација на автомобилските производители (СААM), повторувајќи ги прогнозите дека продажбите веројатно ќе имаат пад трета година по ред и во 2020 година.

Сојузот очекува пад од 2% во новите доставувања на автомобили во следните 12 месеци. Тоа, сепак, е добар знак во споредба со падот од 8,2% во 2019 година, кога продажбите беа поставени под притисок од новите стандарди за емисии на штетни гасови и новите ефекти врз економијата, предизвикани од трговската војна со САД.

Кинеската асоцијација на автомобилските производители (СААM) исто така објави дека доставувањето на нови автомобили доживеало пад веќе 18-ти месец по ред во декември. Годишните продажби почнале да паѓаат во 2018 година со 2,8% запирајќи го растежот на пазарот почнат во 90-тите години.

Набљудувачите на индустријата се надеваат на обновување на новите доставувања на автомобили во посиромашните градови, како и олеснување на трговскиот притисок меѓу Кина и САД, што би довело до редуцирање на падот.

„Ние се одалечивме од етапата на високобрзиски развој, кој продолжи цели 28 години. Треба да ја прифатиме новата реалност и да се адаптираме“, рече Ши Џијанхуа од СААМ на официјалниот брифинг.

Продажбите на новите електрични превозни средства исто така доживеале пад од 4% до 1,24 милиони во бројки во 2019 година. Тоа се должи на намалувањето на субвенциите, кои во 2018 година донеле до 62% во новите доставувања на електромобили. Притоа има позиција поставена од кинеското министерство за индустрија пред три години, според која треба да се продадат два милиони електрични возила во 2020 година. Во моментов тоа изгледа невозможно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK