И Ford со систем на автоматско паркирање (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ford продолжува да ги следи технолошките трендови во автомобилската индустрија воведувајќи го системот за автоматско паркирање во своите возила.

Иако не станува за револуционерно решение, сепак Ford со овој новитет влегува во редовите на само неколку производители кои ја користат т.е. ја имаат имплементирано оваа технологија во своите возила.

Истата произлегува како плод на долгогодишната соработка и партнерство помеѓу американскиот производител и германскиот технолошки гигант Bosch.

Возилото може во целост само да се паркира, а сопствениците може оваа команда да ја дадат од својот паметен телефон. За тоа да биде изводлив покрај технологијата за парување на паметниот телефон со автомобилот, се користат и бројни сензори кои се наоѓаат на надворешноста на возилото.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK