Во моментов во Словачка се одржува светскиот шампионат во хокеј каде главен спознор е Skoda. Чешкиот производител се чини ова спонзорство планира да го искористи на најдобар начин.
По најавата на премиерата на редизајнираната Skoda Superb на 23 мај во рамките на овој шампмионат, на истиот овој ден Skoda премиерно во Братислава ќе ја претстави и електричната изведба на Skoda Citigo.
На интернет чешкиот производител обелодени еден цртеж од изгледот на оваа изведба, па освен благата модификација на предната маска, други драстични измени во екстериерот воопшто и да нема. Според неофицијалните технички карактеристики, со едно полнење на батеријата ќе може да помине речиси 300 километри што е сосема солиден дострел.
Во некои чешки медиуми се појави информација дека продажната цена на овој автомобил кој во продажба доаѓа оваа година ќе изнесува 19 илјади евра.