И електричната Honda дебитираше во Гудвуд (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

По минатогодишната премиера на концептот, а во пресрет на комерцијализацијата, првиот целосно електричен автомобил на Honda дебитираше на престижниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Одличниот урбан дизајн запакуван во автомобил полн со технологија вклучувајќи и електрични ретровизори, предизвика голем интерес кај посетителите на овој фестивал.

Со должина од 3.988 мм овој модел е за 10 цм пократок од во моментов најмалиот глобален модел во понудата на јапонскиот производител. Сепак и покрај тоа располага со електричен мотор кој продуцира 148 КС, а до 100-ка забрзува за 8 секунди.

Продажната цена ќе започне од 40 илјади евра, а засега има над 20 илјади резервации.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK