среда, 25 декември, 2025 година

И Ducati на мака – забележа пад на продажбата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сите брендови во рамките на Volkswagen Групацијата забележаа значителен пад на продажбата во текот на минатата година. Пандемијата беше главна причина за намалената продажба, слично и кај сите други брендови. Покрај Seat, Volkswagen, Skoda, Audi, Porsche и Lamborghini, пад на продажбата пријави и Ducati.

Италијанскиот производител на мотоцикли во текот на минатата година испорача за 9,7% помалку мотоцикли во споредба со 2019 година. Но, гледано на некои пазари Ducati дури продаваше и доста подобро од 2019 година.

- Advertisement -

“Минатата 2020 година беше сложена година по многу нешта, полна со големи предизвици за целиот свет” Изјави Клаудио Доменикали, директор на производителот. “Заврши онака како што сакавме” дополни тој потенцирајќи дека втората половина на минатата година беше најуспешна половина во историјата на овој производител.

Најдобар пазар за Ducati останува германскиот каде продаде 5.490 примероци што претставува плус од 6,7% во споредба со 2019 година. Во Кина забележа раст од 26% продавајќи 4.041 мотоцикл, а на домашниот, италијански пазар продаде 7.100 мотоцикли.

Најпродаван модел е Scrambler кој е продаден во 9.265 примероци што претставува 22% помалку во споредба со 2019 година.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја