И дефинитивно релито Дакар од следната година во Азија – позната е и рутата

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и се очекувањше од претходно, релито Дакар повеќе нема да се вози во Јужна Америка.

Од следната година и официјално ова рели ќе се вози во Саудиска Арабија, земја која сама ќе го организира ова натпреварување иако претходно интерес покажуваа и околните арапски земји како Катар, ОАЕ како и Египет.

Организацискиот одбор истовремено ја објави и рутатат. Така ова натпреварување започнува од Црвеното море поточно градот Џеда, движејќи се низ пустините ќе поминува низ главниот град Ријад каде натпреварувачите ќе имаат ден за одмор. Релито завршува во Ал Кидја.

Dakar reli 2020

Oва рели кое е познато и како Париз-Дакар, за прв пат се одржа во 1979 година. Во моментов се шпекулира за можно враќање во Африка каде последен пат се возеше во 2007 година, а година подоцна и не се одржа поради безбедносни ризици.

Азија е четвртиот континент каде ќе се вози ова рели. Претходно се возеше во Европа (дел од рутата), Африка и Јужна Америка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK