И Dacia се најде на маки поради недостаток на компоненти кои се користат во производството на автомобили поради што мораше да го прекине производството на автомобили во матичната фабрика во Миовени, Романија. Оваа вест ја соопшти министерот за труд на Романија, Ралуца Туркан.
Главната причина за стопирањето на производството е недостатокот на полупроводници кој е глобален проблем.
“Погонот на Dacia во Миовени ги прекина своите производствени активности поради глобалната криза на полупроводници, ситуација која погодува 50%-60% од производствените активности и приближно 8.000 работници” изјави министерот.
Министерот за труд изјави дека Владата ќе направи законски промени во поглед на работното време со цел да излезе во пресрет на Dacia и вработените во фабриката во Миовени се со цел да не добијат отказни решенија.