И BMW отпушта работници!

ОБЈАВЕНО НА:

BMW е последната во низа компанија која најави отпуштање на работници како последица на финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Иако овогодинешниот план како и плановите за наредните години се многу амбициозни, а тоа се огледа во производството на новата генерација на Серија 4 и Серија 5, германскиот производител ќе отпушти околу 5.000 работници.

Покрај отпуштањето на работници, ќе биде намален и работниот фонд на часови, а ќе биде овозможено и предвремено заминување во пензија, изјави финансискиот директор на BMW.

Претходно отпуштање на работници најавија Renault, Volkswagen, Ford, Nissan, GM…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK