И BMW ќе мора да плаќа казна во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Казните во САД изречени на произвoдителите на автомобили и натаму се низат. По Volkswagen, Mercedes, Audi, Porsche и Jeep, сега BMW е следниот во низата производител кој е казнет и треба да плати казна.

Според вестите кои доаѓаат од Вашингтон, BMW и две други американски компании во сопственост на германскиот производител се сложиле да платат 18 милиони американски долари по обвинувањата за лажни информации околу продажните бројки.

Американските власти го обвинија баварскиот производител дека во периодот од 2015 до 2019 година објавувал лажни бројки за продажбата на нови автомобили со што на нелегален начин се обидувал да ја подобри репутацијата и да ги примами инвеститорите да инвестираат во оваа компанија.

Во септември минатата година FCA се сложи да плати 40 милиони долари токму врз основа на истите обвинувања како и овие на BMW.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK