И Bentley стигна на ред да повлекува возила

ОБЈАВЕНО НА:

Дистрибутерот за возилата Bentley, Volkswagen group Russia, повлекува 37 автомобили од моделот „Continental“. Тоа е соопштено од страна на Федералната агенција за техничка регулатива на Русија и метрологија „Rostandart“ .

Во соопштението се наведува дека возилата коишто ќе бидат повлечени се продадени од почетокот на оваа година.

„Причината за повлекување е нецелосната вкопмонираност на опремата за итни повици со спецификациите на произведувачот“, истакнуваат од руската агенција.

Кај повлечените возила ќе биде заменет дијагностичкиот интерфејс на собирачот на податоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK