Ако сте решиле да се правите „фраер“ и да возите бајаги над дозволеното тогаш сте свесни дека полицијата брзо ќе ви „дише во врат“. Со многуте пресретнувачи сега и полицијата полесно ги лови оние несовесните возачи…
Унгарската полиција објави видео од непримерен возач на BMW кој најпрво и бегаше на полицијата, а потоа направи и сообраќајна несреќа.
Настанот се случил минатиот месец во Шарвар, мало градче на истокот на земјата. На една од локалните улици, возачот на BMW-то најпрво ја претекнал полицијата која констатираше нарушување на пропишаната брзина, утврдувајќи дека црното BMW возел 190 км/ч.
Веднаш потоа полициската екипа тргнува во потрага по овој возач, а по неколку километри возачот е фатен откако удрил во Audi.
Видеото можете од настанот можете да го погледнете во продолжение.
Наравоучение… Не возете брзо… Не се правете фраери.. и ако веќе ве фатиле на радар, подобро застанете и платете си ја казната. Ќе биде поевтино и побезбедно.