Hyundai воведува нови функции на далечинско управување со системите

ОБЈАВЕНО НА:

Пристапот до клима уредот, отклучување или заклучување на вратите и стартувањето на моторот сега може да се прави преку далечинско управување во неколку модели на Hyundai. Тие добија стандарден сервис на далечинско управување.

Овие функции може да се контролираат преку смартфони, смартчасовник или Amazon Alexa веќе 3 години, а сега ги има бесплатно во Ioniq моделите во 2017 година. Истото го има и со Blue Link опремата на моделите Santa Fe, Elantra GT и Sonata од моделската 2018 година, односно што ќе почне да се продаваат во втората половина од годината.

Дополнително Hyundai го додава и Blue Link за Apple часовниците апликација која сега може да се користи за далечинско управување со клима уредот, и да му овозможи на сопственикот да го користи задниот грејач на стаклото и грејачите на страничките ретровизори.

Овој Blue Link што како апликација се користи за Apple часовниците има и други безбедносни функции. Тие вклучуваат нотификација за сообраќајка, наоѓање на украдено возило, СОС асистенција, вклучувајќи и пристап до центарот за итна служба во случај на несреќа. Blue Link може да и помогне на полицијата во лоцирање и повторно користење (вклучување) на украден автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK