Hyundai во Лас Вегас го претставува новиот автомобил на водород

ОБЈАВЕНО НА:

Изложбата на CES во Лас Вегас ќе биде направена промоција на новото поколение на електронскиот водороден FCEV модел од Hyundai Motors. Тогаш ќе биде познато и дефинитивното име на моделот, како и деталите на возилото. Новиот автомобил којшто го подготвуваат за промовија од Hyundai ќе биде опремен не само со водородне систем за движење од новото поколение, туку и со нова ADAS (Аdvanced Driver Assistance System) технологија за помош при управувањето.

На специјален штанд, Hyundai ќе демонстрира неколку нови решенија за домашна употреба, разработени во областа на водородната технологија во автомобилската индустрија.

Hyundai вложува и во разработка на интелингентен персонален асистент со гласовна комуникација во соработка со Sound Hound Inc. И неговата промоција се очекува да биде на CES 2018, а во новите модели на автомобилите би требало да почне да се вградува на почетокот на 2019 година.

Гласовните команди ќе бидат за управување на различни функции на автомобилите, а идните клиенти на компанијата ќе треба да почекаат на дополнителни информации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK