Паралелно со најавата за верзијата N Line на целосно новата генерација на Tucson, Hyundai објави дека марката ќе лансира вкупно 7 суперспортски N и тематски развиени N Line понуди на пазарот.
Според информациите на северноамериканската дивизија на Hyundai, групата од седум нови автомобили ќе вклучува и класични патнички модели во понуди ќе има и SUV, а прва од нив ќе биде новата Elantra N.
Како и новата Elantra N, уште два нови автомобили ќе бидат дел од суперспортското семејство N на Hyundai, а останатите ќе бидат дел од портфолиото на N Line, кое вклучува модели со поизбалансиран темперамент.
Во моментов, северноамериканската дивизија на Hyundai нуди Veloster N, Sonata N Line и Elantra N Line.