Hyundai вети холограм навигација

ОБЈАВЕНО НА:

Како резултат на стратешката инвестиција во компанијта WayRay AG, Hyundai Motor ги објави своите намери да изработи холограмна навигација со додадена реалност (AR, Augmented Reality) за своите автомобили и објави дека очекува иновациската технологија да биде воведена во сериските модели на брендот во 2020 година.

Од WayRay имаат големо искуство во однос на изработка на хардвер и софтвер за холограмни системи, па оттаму се верува дека партнерството меѓу оваа компанија и Hyundai може да придонесе за востановување на новиот еко-систем, кој користи AR технологија не само за иновацискиот систем туки и за AR платформата за умни градови и умна мобилност.

Холограмните решенија на WayRay создаваат реалност со додадени елементи под формата на виртуелни објекти и елементи, кои се вклопуваат во внатрешноста на автомобилот.

Од Hyundai велат дека во споредбата со веќе познатите стандардни проекциски head-up екрани, технологијата на WayRay бара помал простор, нуди почиста слика, значително поголема површина на екранот, вклучувајќи ја и целата површина на шофершајбната. Нема ограничувања во однос на параметрите на прикажаните предмети и може да биде инсталирана во секој автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK