Hyundai Venue дебитираше во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai на саемот во Њујорк го претстави најновиот кросовер Venue кој спаѓа во сегментот на CUV модели.

Овој SUV кој димензионално е најмал во групацијата на Hyundai е со должина од 4,03 метри што е за 11 см. пократок од Kia Stonic. Ширината изнесува 1,77 метри додека висината 1,56 метри. Со меѓуоскино растојание од 2,52 метри, овој SUV не може да понуди многу простор во внатрешноста, но е идеален за градски средини.

На американскиот пазар Venue ќе биде достапен со 1.6 литарски бензински мотор, а купувачите ќе може да изберат помеѓу мануелен и т.н. Smartstream IVT автоматски менувач.

Hyundai Venue

Во зависност од нивото на опременост, овој автомобил доаѓа со тркала од 15 до 17 инчи, LED светла, 8 инчен екран осетлив на допир со Android Auto и Apple CarPlay. Тука е и навигацијата, Bluetooth конекцијата, задна камера, предни седишта со греее, систем за предупредување на фронтален судир, систем за надгледување на мров агол и многу друго.

Hyundai Venue

Во зависност од пазарот каде ќе се продава, во понудата ќе бидат понудени 1.0 литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, 1.4 литарски бензински и 1.4 литарски дизелски мотор, а покрај во Северна Америка, овој SUV ќе биде достапен и во Индија и повеќето азијски земји. Останув нејасно дали ќе биде лансиран и во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK