Hyundai Tucson носи вистинска револуција во понудата во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Со над 7 милиони продадени возила, моделот Tucson e најпродаваниот СУВ на корејската компанија. Новата генерација на Hyundai TUCSON не претставува само наследник на претходниот модел, туку комплетна дизајнерска и моделска револуција во секој поглед. Неговите перформанси, безбедносни особини, напредни технологии и уникатен дизајн, надополнети со многу комфор и забава, претставуваат сето она што го направи ова SUV возило толку посебно и посакувано.

Со основни димензии од 4.500 мм, ширина 1.865 мм и висина 1.865 мм и со растојание меѓу оските од 2.680 мм, новиот Hyundai Tucson е за 20 мм подолг и 15 мм поширок од својот претходник. Новиот автомобил ветува поголема удобнот благодарение на просторниот ентериер, а товарниот капацитет варира од 620 до 1799 литри при спуштени задни седишта.

„Hyundai Tucson е еден од клучните производи на нашата компанија и е еден од најпродаваните наши модели со cutting edge SUV дизајн. Ние секогаш се трудиме на купувачите да им обезбедиме комфор и удобност, во комбинација со последниот крик на технологијата. Ми-Да Гранд Моторс, како овластен застапник за Hyundai, ќе обезбедува редовно одржување и гаранциски поправки на сите верзии и изведби на новиот Tucson, согласно стандардите на корпорацијата“, вели Дритон Заири директорот на Ми-Да Гранд Моторс.

Четвртата генерација Hyundai Tucson има комплетно различен и авангарден дизајн во однос на својот претходник. Автомобилот е со елегантен и конзервативен карактер, но со модерна дигитализирана внатрешност. Патниците добиваат поголем комфор затоа што кабината, но и самото возило, се зголемени во должина и ширина. Возилото има и многу поголем багажен простор. Специфично и многу важно е тоа што не постојат веќе традиционалните прекинувачи или други копчиња, туку сите команди се електронски – на дисплеј или на тастери на допир.

Hyundai Tucson во Македонија

Новата генерација на Hyundai TUCSON не претставува само наследник на претходниот модел, туку комплетна дизајнерска и моделска револуција во секој поглед.

Купувачите можат да го купат со три различни агрегати – бензин, дизел или хибрид. Бензинските мотори се нудат во две варијанти и тоа, 1.6 турбо бензинец со 150 или 180 коњски сили, со погон на една или две оски и дополнително има можност да се одбере помеѓу мануелната и автоматската трансмисија.

Погледнeте ја презентацијата на новиот Tucson во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

Дизелските мотори нудат варијанти со 115 и 136 коњски сили, кои исто така можат да бидат со погон на една или две оски, со мануелен или автоматски менувач. Новитетот, односно хибридните мотори, Hyundai ги нуди со 180 коњски сили и можат да бидат со погон на една или на две оски, со автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK