Hyundai Sonata се тестира со соларен покрив

ОБЈАВЕНО НА:

Прототип од следната генерација на Hyundai Sonata во моментов се тестира низ улиците на Јужна Кореа. Ова остана забележано од објективите на The Korean Car Blog кој на својот сајт објавија фотографии. Иако не може да се видат екстериерните новитети, единствено што се забележува е покривот на кој има соларен панел.

Ова не е прв пат азијски производител да вградува соларен панел на покривот. Претходно, во 2010 година оваа опција Toyota ја понуди во Јапонија и тоа кај моделот Prius. Причината поради која производителите вградуваат соларен панел е дополнителниот извор на енергија за литиумско-јонската батерија.

Благодарение на овој соларен панел, автомобилите се во можност на дневно ниво да поминат дополнителни 7 километри. Можеби не е многу но сепак претстсвуваат дополнителна вредност и некогаш може да бидат од корист.

Во недостаток на официјални информации, корејскиот магазин пишува дека опцијата за соларен покрив ќе биде достапен само кај одредени хибридни изведби додека пак во основата ќе располага со 2.0 литарски четири цилиндрен мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK