Hyundai Motors е пред донесување на одлука за спроведување на најголемото повлекување на возила во последните години. Корејскиот производител поради потенцијални проблеми со батериите на електричните возила планира повлекување на 82 илјади автомобили.
Станува збор за автомобили од моделите на Kona и Ioniq, одлука која доаѓа откако наводно во 15 случаи дошло до палење на батериите откако претходно настанал краток спој во ќелиите.
Добавувачот на батериите LG Energy Solutions, тврди дека грешката не е кај нивните батерии туку истата е направена од страна на јужнокорејскиот производител при монтирањето на истите.
Ако ова во истрагата се покаже како точно во тој случај Hyundai Motors ќе треба да ги сноси трошоците за целата оваа постапка, трошоци кои се проценуваат на околу 900 милиони евра.