Hyundai отвори студио за превозни средства на иднината

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai отвори нова работилница, која ќе има за цел да „ги истражи границите“ во развојот на иновациски проекти како теренецот Elevate, кој компанијата го презентираше за време на саемот за потрошувачи на електроника во 2019 година.

Под името Hyundai New Horizons, работилницата ќе создава продукти за клиентите, кои имаат потреба од превозни средства за терен надвор од стандардната површина на патот.

Одделот ќе биде под раководство на потпретседателот и поранешен раководител на роботиката Hyundai Cradle, д-р Џон Сух и експертот во сферата на автономни автомобили д-р Ернестин Фу.

Првиот проект ќе биде Hyundai Elevate, која е одечки автомобил. Се работи за дизајниран автомобил за екипите на брзата помош и има четири подвижни нозе, кои дозволуваат преминувањее низ нерамен терен.

Вториот предлог на Elevate може да е како градско такси, каде што нозете ќе му помогнат на автомобилот да се движи по скали и да превезува возрасни или лица со попреченост. Нозете се прикачени на модулната платформа за електромобили, но во крајна сметка има и тркала со индивидуални електромотори. Кога нозете се засегнати и тркалата се надвор од употреба, Elevate може да развие до 110 километри на час.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK