Hyundai отповикува 430.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai ќе отповика околу 430.000 автомобили бидејќи вода може да влезе во компјутеорт задолжен да спречи блокада на тркалата што може да предизвика краток спој, па дури и пожар.

Ова отповикување е само уште едно во низата на проблеми кои ги има производителот на автомобили од Јужна Кореја со пожарите во моторите во последните неколку години. Поради поранешните проблеми Националната управа за безбедност во сообраќајот на САД веќе отпочна со истрага.

Од компанијата појаснија дека електричниот краток спој може да предизвика пожар дури и кога автомобилите се исклучени. Сепак, Hyundai истакна дека стапката на избивање на пожат е дака ниска што не е потребно да се паркираат автомобилите на отворено.

Hyundai во документите кои ги достави до Владата на САД наведе дека имаат само три извештаи за пожари и дека немало повредени. Трговците ќе инсталираат релеј во главата електрична развојна кутија на автомобилот за да се спречи краток спој додека автомобилот е исклучен. Инаку, отповикувањето ќе почне на 3 април.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK