Hyundai не се откажува од моделите на водород – покажа нов СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Корејскиот производител во Сеул претстави прототип на нова генерација на возила на погон на водород. И тоа СУВ возило наречено Next generation FCEV, што има дизјан што го разликува од другите конвенционални модели на Hyundai. Покрај моделите Kona и Tucson од 2018 година на пазарот ќе се појави и уште еден кросовер, и тој би требало д абиде наследник на ix35 Fuel Cell. За разлика од ix35 Fuel Cell, новиот модел на горивни ќелии е сосема нов.

Производителот тврди дека облиците се инспирирани од самата природа, поточно од водата. Предниот дел личи на мешавина помеѓу Kona и Tucson, а мазната и заоблена задница со интегрираните задни светла досега не е позната од друг модел на Hyundai. Рачките на вратите изгледаат слично на оние на Range Rover Velar.

Корејците велат дека SUV е речиси подготвен за сериско производство. Тој е 9 проценти поефикасно и 20 проценти помоќен од својот претходник. Трите големи резервоари под висок притисок имаат водород за радиус од 800 километри. Ефикасноста на новата горивна ќелија е 60 проценти. Има електромотор со сила од 163 КС.

Заедно со другата марка од концернот Kia Hyundai се планира до 2020 година да се пуштат на пазарот вкупно 31 возила со алтернативен погон. Тоа се автомобили со електричен, хибриден, плаг-ин хибрид и погон на горивни ќелии. Откако Ioniq веќе е на пазарот во втората половина на 2018 година Hyundai ќе ја пушти и електричната верзија на Kona – со радиус на движење до 390 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK