Hyundai Motorsport со нов рели тркач (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Hyundai Motorsport објавија информација за својот нов рели автомобил, кој е наменет за приватни возачи и за тимови, кои се натпреваруваат како на локално ниво, така и на меѓународна сцена.

Новиот i20 N Rally2 е развиен на база на сериската верзија на новото i20 N, а од компанијата објавија дела новиот автомобил е подобар во секој поглед од i20 R5. За таа цел, тој исто така се потпира и на новиот 1.6-литарски турбо мотор и петстепен секвенцијален менувач.

Од Hyundai објавија дека овој месец екипата на Hyundai Motorsport Customer Racing почнува со тестови за новиот тркачки автомобил, а првите доставувања до клиентите и финалната хомологација на автомобилот ќе бидат направени во текот на летото следната година.

Hyundai Motorsport – i20 N Rally2

Новиот i20 N Rally2 е развиен на база на сериската верзија на новото i20 N, а од компанијата објавија дела новиот автомобил е подобар во секој поглед од i20 R5. За таа цел, тој исто така се потпира и на новиот 1.6-литарски турбо мотор и петстепен секвенцијален менувач.

„Hyundai i20 R5 беше првиот автомобил на Hyundai Motorsport Customer Racing, а новиот i20 N Rally2 демонстрира колку напред сме стигнале за пет години од основањето на одделот“, вели Андреа Адамо, директор на Hyundai Motorsport.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK