Hyundai Motor го оддели Ioniq како подбренд, доаѓаат уште три нови модели

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai Motor објави дека компанијата го постави почетокот на својот нов подбренд со името Ioniq, а основиот акцент ќе бидат електромобилите. Во следните четири години, новиот оддел ќе понуди три иновациски продукти, почнувајќи од почетокот на следната година со Ioniq 5, средноразмерен СУВ модел, развиен на база на концепцијата 45.

Означувањето на новите модели на брендот Ioniq ќе бидат со парни броеви за моделите седан и непарни за СУВ пазарни понуди.

Првата нова понуда ќе биде Ioniq 5 на почетокот на следната година, а за 2022 година е планиран седанот Ioniq 6, кој ќе биде создаден на база на футуритичкиот концепциски развој, Prophecy.

На почетокот на 2024 година, Ioniq ќе го претстави возилото кое ќе биде голем електричен СУВ модел, а секој еден од оние електромобили ќе биде развиен на модулната платформа за електромобили E-GMP (Electric Global Modular Platform) на Hyundai.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK