Hyundai Kona Electric 2019 со едно полнење ќе вози 413 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Делот од компанијата на Hyundai кој се наоѓа во Северна Америка откри детали за верзијата од 2019 година на целосно електричната верзија на моделот KONA, која ќе биде достапна за купување на почетокот на следната година.

Hyundai Kona Electric 2019 веќе се нуди со можност за поминување до 413 километри со едно полнење на батеријата, а се користи литиум-јонска батерија со капацитет од 64 kWh и електромотор со можност од 201 коњска сила.

При достапност на инсталација за брзо полнење од ниво 3 (100 kW), батеријата на електромобилот може да биде наполнета од 0 до 80% за 54 минути, а при употреба на нормална исталација (7.2 kW) неопходното време е помало и е нешто над 9,5 часа.

Во опремата на Kona Electric 2019 целосно се вклучени диоден екстериерен осветлувачки и сигнален систем, борд систем со интеграција на мобилните телефони преку Apple CarPlay и Android Auto, Hyundai Smart Sense (HSS) со систем за предупредување при опасност од удар однапред и со функција за препознавање на пешаци, систем за заклучување на превозното средство на патот, автоматски светла, осум-инчен борд екран, проекциски head-up екран, систем за безжично полнење на мобилен телефон и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK