Hyundai Kona доби 5 ѕвезди на тестот Green NCAP

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Kona доби максимални пет од пет ѕвезди на Green NCAP тестот. Овој тест е воведен уште минатата година, а има за цел да го оцени влијанието на возилото врз околината, во поглед на екологијата.

“Како и кај сите останати чисто електрични возила, нема емисија на издувни гасови така да автомобилот ги има максималните поени за чист воздух и во поглед на ефектот на стаклена градина” стои меѓудругото во извештајот на Green NCAP.

Задоволството од перформансите не го криеше и потпретседателот за маркетинг на Hyundai Motor Europe, Андрес-Кристоф Хофман кој изјави дека не само што е целосно еколошко возило, Kona е и одличен производ со голема ефикасност.

Претходно Hyundai IONIQ доби максимални пет од пет ѕвезди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK