Американската дивизија на Hyundai кој е инаку официјален спонзор на NFL фудбалската лига, реши да сними реклама за време на одржувањето на финалето на Super Bowl. Нема ништо спорно, но интересно е дека таа реклама ќе се сними за време на играњето на финалето, а потоа ќе биде прикажана пред доделувањето на наградите.
Должината на видеото ќе биде 90 секунди, а за реализирање на овој амбициозен проект Hyundai ги ангажирал директорот на фотографија Петер Берг (кои ги режирал Patriots Day, Deepwater Horizon, Lone Survivor), потоа Film 45 и Pony Show Entertainment кои ќе имаат задача да го снимат, монтираат и продуцираат видеото во реално време.
Ланската реклама што беше прикажана на Super Bowl ја виделе повеќе од 16,5 милиони гледачи.
Еве го тоа видеo…
https://www.youtube.com/watch?v=-R_483zeVF8