Hyundai ќе произведува 700.000 водородни системи годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai ја зголемува брзината, кога е во прашање ширењето на своите погони на водород. Горивната ќелија игра основна улога во стратегијата до 2030 година кај Hyundai Motor со која компанијата одговара на „Новиот зелен курс“, објавен од страна на јужнокорејската влада во јули во 2020 година, со зголемувањето на производството на системи со горивни ќелии, со погон на водород.

Извозот на системи со горивни ќелии бележи уште еден важен чекор во контекст на „Vision Fuel Cell 2030“, објавен од Hyundai Motor Group во 2018 година со цел забрзување на развојот на општеството без емисии. Како дел од овој план, групата се стреми кон годишен производтвен капацитет од 700.000 единици системи за горивни ќелии за превозни средства и други области на индустријата како бродови, возови, беспилотни летала и генератори на енергија до 2030 година.

Во моментов Hyundai почнува да го доставува сопствениот систем за горивни ќелии во Европа, каде што ќе се користи и од компании надвор од автомобилската индустрија. Меѓу клиентите е и швајцарската компанија за технологии за складирање на водород GRZ Technologies Ltd.

Со овој чекор Hyundai сака да ја потцрта својата водечка позиција во развојот и производството на системи со горивни ќелии за сите области на идната мобилност, како и за други бизнис сектори. Технологијата на горивни ќелии е од клучно значење за начинот на компанијата да стане снабдувач на интелигентни решенија за мобилност.

„Нашите системи за горивни ќелии нудат широк спектар на можни апликации, како и приспособливост што ги надминува еколошките превозни средства. Користејќи го овој систем, партнерските компании во обласите на мобилноста, инфраструктурата и енергетиката можат дополнително да го рашират потенцијалот за целосен водороден екосистем“, вели Саеун Ким, кој е раководител на центарот за горивни ќелии во Hyundai.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK