Hyundai ќе испорача 1000 камиони на водород во Швајцарија

ОБЈАВЕНО НА:

За време на специјализираната изложба на леснотоварни автомобили во Хановер, од Hyundai Motor објавија дека компанијата има потпишано меморандум за разбирање со компанијата H2 Energy од Швајцарија. Според договорот во период од пет години, почнувајќи од следната, автомобилскиот бренд ќе достави 1000 целосно нови камиони со водородно електричен погон.,

Електрично-водородниот камион на Hyundai (4×2, 18т) е со основни димензии: должина 9745 мм, ширина 2550 мм и височина 3730 мм, а растојанието меѓу оските е 5130 мм. Резервоарот за водорот на транспортното возило ќе биде со капацитет од 32.86 килограми притисок од 350 бари, а времето кое е потребно за неговото полнење е околу 7 минути.

Според првичните информации, системот за горивни ќелии на електричниот камион на Hyundai ќе биде со моќност од 190 кВт, а се очекува со едно полнење да може да помине 400 километри. Возилото има осум резервоари.

„Напредуваме во областа на технологијата и тоа го покажуваме уште еднаш. Овој напредок го имаме во областа на технологијата со горивни ќелии во автомобилската индустрија со денешната најава за нашат амбиција да пуштиме во продажба електрично водороден камион кој ќе биде првиот од ваков вид во светот“, вели Ин Чеон Ли, кој е извршен потпретседател и директор на одделот за трговски автомобили во Hyundai Motor.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK