Hyundai ја покажа новата Elantra N Line (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Company ги откри првите детали и фотографии од спортската верзија N Line за новата генерација на хитот Elantra.

Од Hyundai Motor Company велат дека Elantra N Line е создадена со идејата да понуди импресивна динамика на патот, која во исто време се разликува од стандардните верзии на новиот седан со специјално развиени надворешни и внатрешни елекементи, N спортски седишта, нови метални апликации и други.

Новиот Hyundai Elantra N Line е опремен со 1,6-литарски GDI турбоагрегат со максимална моќност од 201 коњска сила, која може да биде комбинирана со шестстепен рачен или седумстепен роботизиран DCT менувач.

Во опремата на автомобилот се вклучени и 18 инчни алуминиумски тркала, оптимизирана суспензија, волан со перфориран кожен тапацир со контрасно шиење, интегриран заден спојлер, N Line заден дифузер и други.

Од Hyundai Motor Company исто така споделуваат дека сосема скоро ќе пуштат на пазарот и 2,5-литарска верзија на Sonata N Line.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK