Hyundаi ја покажа најмоќната Kоnа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundаi ја обнови Kona за моделната 2021 година, и покажа дел од дизајнот за најмоќната верзија на моделот. Kоnа N ќе се нуди на пазарот од 2022 година, а се чини дека автомобилот е готов додека официјалното деби ќе може да се види во текот на следните неколку недели.

Разликите со стандардниот модел можеме да го видиме во решетката и предниот браник, кој има за цел да даде поагресивен вид на кросоверот, а црвените акценти може да бидат откриени во долниот дел на вратата и тоа од двете страни.

Задниот дел се одликува со нов дифузер, како и со спојлер над стаклото со вгрден триаголен стоп во срединта. Впечатоци прават и врвовите на ауспусите, кои се два на број, но се со доста голем дијаметар.

Моделот добива и тркала со специјален дизајн и поголеми димензии, а поголеми сопирачки и изменета суспензија исто така ќе бидат дел од промените во однос на стандардната Kоnа.

Засега е познато дека под капакот ќе биде откриен 2.0-литарски бензинов мотор, кој треба да генерира околу 280 коњски сили и 350 њутн метри, додека менувачот ќе биде автоматски со 8 брзини и двојна спојка.

Се очекува официјална премиера во следните седмици, како и повеќе информација за спортскиот кросовер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK