Со моделот Ioniq, корејски Hyundai влегува во светот на електричните возила. При промоцијата во Женева лани моделот имаше три различни верзии, хибрид, плаг-ин и електричен автомобили. На македонскиот пазар прво доаѓа хибридната верзија. Она што е интересно, цената е 23.900 евра за почетниот пакет со 1.6 литарски мотор.
Ioniq е изработен од посебни материјали – челик што се карактеризира со голема цврстина, и од алуминиум. Со вградување на овие делови од каросеријата од алуминиум, како што се предниот поклопец на моторот, вратата од багажникот и некои делови од суспензијата, тежината е намалена за 12,6 кг. што во овој сегмент е заштеда за околу 45 отсто. Од друга страна таму каде што е потребно заради евентуални удари и апсорбција на енергија, структурата е засилена со примена на челик со висока цврстина која може да издржи поголема сила на удар.
Новиот модел е создаден да понуди динамично возење и едноставно ракување. За тежиштето да биде поставено пониско и заради оптимизација на позицијата, батеријата е поставена најниско (под задните седишта). Тоа е важно поради централизација на масата и заради вкупната стабилност при управување.
Ioniq хибрид нема конвенционален оловен акумулатор што е дополнителна заштеда од околу 12 килограми.
Новиот 1.6 литарски Kappa GDi мотор што работи според аткинсоновиот принцип развиен е исклучиво за хибридните мотори на Hyundai. Во овој случак се комбинира со електромотор од околу 43 КС. Моторот 1.6 GDi има сила од 105 КС.
- Ценовник на Hyundai Ioniq Hybrid во Македонија – Ioniq_Cenovnik_2017