Новиот MPV модел на Hyundai кој се нарекува Hyundai Staria е опремен со футуристички дизајн и вселенска иновација. Компанијата претстави фотографии на Staria, а станува збор за повеќефункционален автомобил (MPV) на брендот. На фотографиите може да се види Staria Premium.
Името на Staria ги комбинира „star“ и „ria“, во однос на карактеристиките на автомобилот и рационализираните дизајнерски елементи, определени од минималистичката силуета. Staria ја рефлектира посветеноста на Hyundai да раководи со идната индустрија за мобилност како снабдувач на решенија за интелигентна мобилнсот, под визијата на брендот „Прогрес на човештвото“.
Staria е опремен со различни функции, ориентирани кон возачот и футуристичките елементи на дизајнот, кои обезбедуваат нови искуства за возачите и патниците.
Покрај ова Staria нуди неверојатно футуристички и мистериозен екстериер, кој наликува на вселенски брод. Предниот дел е нагласен со долга хоризонтална дневна светлина и фрови кои се лозирани оддолу.
Hyundai Staria
Атмосферата на вселенскиот брод се рефлектира од неговите обемни панорамски прозорци и ниската странична линија на прозорците, нагласувајќи ја пространата атмосфера на кабината. Висината на купето исто така е оптимизирана за првокласана удобност, што ја прави идеална како за бизнис така и за семејството.
„Staria е новата понуда MPV на Hyundai, која отвора нова ера во личниот транспорт. Staria ќе обезбеди целосно ново искуство со клиентите преку своите невидени дизајнерски карактеристики“, вели СангЈуп Ли, постар потпретседател и раководител на Hyundai Design.
Hyundai ќе открие повеќе детали односно дизајнерски карактеристики на Staria и Staria Premium во текот на следните недели.