Hyundai i20 автомобил на годината во Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Индискиот пазар воопшто не треба да се игнорира. Доволен е фактот дека е во Топ-10 најголемите пазари на автомобили и еден од пазарите за кој се предвидува голем раст во наредните години. Оттука и оправданиот интерес за следење на случувањата во оваа земја. Последната вест која доаѓа се однесува на прогласувањето на автомобилот на годината за 2021 во оваа земја.

Така жирито составено од 17 членови за Автомобил на годината го избра Hyundai i20 кој освои 104 поени. Втората позиција припадна на Kia Sonet додека третопласиран беше Mahindra Thar.

Во конкуренција на премиум автомобил на годината, Land Rover Defender ја освои првата позиција пред BMW 2 Series Gran Coupe и Mercedes-Benz GLE. Tata Nexon EV ja освои наградата за најзелен автомобил на годината. Во финалето овој автомобил освои повеќе поени од Hyundai Kona Ev и MG ZS EV.

За потсетување, минатата година оваа награда припадна на Hyundai Venue, а токму овој јужнокорејски производител е најуспешен. Почнувајќи од 2006 година од кога и се доделува оваа награда во Индија, Hyundai има добиено прва награда за седум модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK